Др.Беќаровски: Пациентите кои се заразени со британската мутација имаат нови симптоми

од Берта Китинска

„Пациентите кои сега доаѓаат на клиниките имаат нови симптоми за разлика од предходниот пат. Ако поткашлувањето, губењето на мирис и вкус беа карактеристични за ковид 19, сега лицата кои се заразени , имаат високи температури, повраќање, главоболка и прв симптом на мозочен удар. Најголемиот дел  од овие симптоми, се од британската мутација,  но се исклучува можноста за ширење на  бразилскиот сој кај нас бидејќи веќе го имаме регистрирано во регионот“, вели доктор Нико Беќаровски од клиниката за Токсикологија во вестите на Сител.

Во однос на тоа дека се почесто млади лица умираат од коронавирусот,  Беќаровски вели дека една од причините е лошите животни навики.

„Мора да си ги погледнеме животните навики, спортските активности се на нула, младите се  над просечно гојазни, движењето се сведува од мобилен телефон до кафана каде имате зачаден простор, јадење хамбургери, бурек и итн.Здравите животни навики се изгубија“, вели Беќаровски.

Слични содржини