Др.Бухова: Граѓаните позитивни на ковид-19 да не прифаќаат лекување во домашни услови, ако за тоа не се изјасни матичниот лекар

од Берта Китинска

Директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат  д-р. Ирина Бухова апелира , до граѓаните кои се позитивни на Ковид 19, да не прифаќаат лекување во домашни услови, ако за тоа не се изјасни матичниот лекар и задолжително да побараат пишан документ за терапијата и начинот на лекување.вели дека апелот го упатуваат со цел да ги заштитат граѓаните и нивното здравје.

Од инспекторатот известуваат дека добиле претставка од здравствен работник, за починато лице инфицирано со Ковид 19, кое по утврдената дијагноза од матичен лекар, по 14 дена  од инфекцијата, дошло во Ковид центар, во многу лоша здравствена состојба и починало на само неколку часа по приемот.

Слични содржини