Др.Далипи: Кај 19-годишна пациентка извршено пресадување на дел од коска од починат донор

од Берта Китинска

За првпат на Клиниката за ортопедски болести  е направена интервенција на коскена срж.

-Од тимот на нашата клиника е направена трансплантација на коска и се направи рестрикција на малигнен тумор. Кај 19-годишна пациентка со констатиран малигнен тумор на коските беше извршено пресадување на дел од коската од починат донор. Интеревенцијата траеше пет часа, пациентката е во добра општа состојба. Прифатен е трансплантот на коската, почна да оди и се чувствува одлично, изјави во Утрински брифинг Д-р Резеарт Далипи.

Тој вели дека на Клиниката за ортопедски болести  има услови за имплантирање на т.н модуларни протези.

-Коскената банка на нашата клиника постои од осумдесетите години. Но оваа коскена банка сега е проширена. Имаме фрижидери каде коските се чуваат на -80 степени. Кога зборуваме за пациенти со малигни болести, тука нема правила колку години имаат. Во нашата Клиника имаме добри услови за имплантирање на т.н модуларни протези и тие видови на операции се прават во нашата клиника и нема потреба тие да се испраќаат во странство. Планираме и друг 52-годишен пациент да биде опериран кон крајот на мај или почетокот на јуни, вели д-р Далипи.

Слични содржини