Др. Докиќ: Маските мора да се носат без разлика дали сте вакцинирани

од Берта Китинска

За да се сочува еден здравствен систем во ваква ситуација е да се има доволен број на легла тоа е најважно. Тешко болните никогаш не може да се предвидат. Се случува човек да е подобро и да го испишете од болница и за неколку дена да се врати со влошена здравствена состојба. Овој вирус е непредвидлив, вели пулмологот д-р Дејан Докиќ во „Клик плус“.

-Ако граѓаните не носат маски, ако се групираат не држат дистанца вие и во 16 часот да ставите полициски час тие до 16 часот ќе го направат тоа. Мора да се иде на дисциплина на народот и да се сфати дека откако почна ковидот па додека заврши пандемијата мора да се носи маска вакцинирани или не. Мора сам секој себе како и другите да ги заштити, вели Докиќ.

Слични содржини