Др.Лазаров: Вакцинирајте се веднаш, сите непрележани и невакцинирани, се коцкате скапо!

од Берта Китинска

Сите што не се вакцинираа и разболеа особено во последниов бран, сите се покајаа за грешката, но доцна, пишува во својата нова објава на Фејсбук  доктор Ненад Лазаров.

-Се манипулира со моментот дека и покрај вакцината можеш да се разболиш, можеш-неспорно е и гледаме,НО, со цело свое достоинство и интегритет ве уверувам дека неспоредливо полесно поминуваат вакцинирани пациенти,тоа го гледаме на дневна база!Вакцинирајте се веднаш, сите непрележани и невакцинирани, се коцкате скапо!Апсурдно е стравот од вакцини да гонадвладее стравот од ковид, не дозволувајте лошиот менаџмент на целата криза и катастрофален PR да ве стави во неповолна позиција каде животот ви е директно загрозен, во светот се моли за вакцини на многу места, пишува Лазаров.

Слични содржини