Др.Марковски: Ни трета ни четврта доза не треба ако првите две дози вакцини не даваат заштита од омикрон

од Берта Китинска

Нови мерки ни требаат одма, ама не за Омикрон, туку за заштита од Сарс-КоВ 2 вирусот, затоа што сите досегашни мерки кои се носеа и се носат во најголемиот дел се погрешни, научно не издржани и неоправдани. Добро поставени општи превентивни мерки не треба да се менуваат при секоја најава или појава на мутација, вели во разговр за „Локално“, проф.др. Вело Марковски.

-Не сум сигурен дека епидемиолошката состојба со Ковид-19 во земјава е стабилна. Трендовите од 1 септември цело време одат нагоре со околу 38 000 новорегистрирани, и со во просек по околу 20 умрени. Сега во период од неколку дена има помалку новорегистрирани, но во инфектологијата и епидмеиологијата се анализираат подолги периоди за да знаеме дали навистина една епидмеија се повлекува. Од друга страна за добра проценка треба да се анализираат исти параметри, на пример секој ден се прават ист број на тестови (пример 3.000) па ако има отстапки се анализираат. Не може да се анализираат различни параметри, смета инфектологот.

Ако една вакцина не дала антитела тогаш таа вакцина не е добра

Според Марковски голем проблем е што по две години кај нас нема се уште солиден дијагностички протокол за лекување на вирусот.

-Воопшто не направивме систем на детектирање на останатите горнореспираторно инфекции кои можат да одат како епидмеија, пред се грипот, аденовирусите, респираторен синцицијален вирус, како и бактериските миколазма, кламидија, стрептококни инфекции, скарлатината… Вакцинираните против КОВИД-19 може да се разболат од некоја нова ваква инфекција, а да биде протолкувано како инфекција со некоја мутација кон која вакцината не дава заштита. И тоа е голем проблем. Затоа постојано инсистирам на вакцинираните да им се проверуваат антителата. Постои можност ако е некој вакциниран, да не создал антитела, и тој секако нема заштита кон корона вирусите, објаснува професорот.

Доколку во една сезона се очекуваат големи мутации, инфектологот смета дека потребно е да се бара вакцинален сој кој ќе штити и при појава на нови мутации.

-Не, чудна е лицитација со број на примени вакцини, најава дека ќе треба трета, четрвта…Производителот препорача две дози, и после тоа мора да има заштита од инфекција, а не полесна форма. Ако една вакцина не дала антитела, или тие антитела не штитат тогаш таа вакцина не е добра. Добра вакцина е таа што ќе има над 70-90% сероконверзија (човек што немал антитела по вакцинирањето има антитела), при тоа се анализира бенефитот, придобивките од вакцината и з а поединецот и во придонесот кон колективниот имунитет. Ако несаканите ефекти од вакцината ги надминуваат досегашните усвоени китериуми за степенот на дозволиливи несакани ефекти од една вакцина, вакцинацијата со одредената вакцина се прекинува и се бара нов решение. Од друга страна во иста сезона не треба да има голема мутација на вирус, и сегашните вакцини мора да ја фатат и да заштитат при мали мутации. Ако пак во тек на една сезона очекуваме големи мутации, тогаш треба да се бара вакцинален сој кој ќе штити и при мутации. Инаку една ваква голема, најголема досега вакцинална акција со над 8 милјарди вакцини во светот, е фрлена работа во ветар. Така да ни трета ни четврта доза не треба ако и првите две не даваат заштита од Омикрон, или друга нова мутација, објаснува Марковски.

Тој напоменува дека зимските месеци се најнеповолни за сите горнореспираторни инфекции, и секогаш постои реална опасност од појава на епидемии.

-Ги набројавме можните најчести причинители, јас мислам дека посебно треба да се штитиме од грип оваа сезона, бидејќи две години немавме грип, многу веројатно е дека зимава ќе имаме појава на сезонски грип во некоја од епидмеиолошките форми, вели професорот.

Заштитата на деца со маски или вакцини е непотребна

Инфектологот објаснува дека децата имаат многу малку рецептори за кои се врзува вирусот и според сите досегашни искуства од целиот свет децата не се разболуваат.

-Сето ова е потврдено во бројни научни списанија. И кога се разболуваат се разболуваат дома како последни во ланецот. Затоа, заштита на деца со маски или вакцини или со било што од КОВИД -19 е непотребна и остава многу простор за вознемиреност. Континуираното носење маски може да има штета и во психофизичкиот развој на детето, и да биде можност за аспирација и инфекција со сопствената флора. Но, маската штити и од други болести, па можеби треба да се анализир а колку во овој период има болни деца со варичела, скарлатина, и останати горно респираторни инфекции. Мој предлог е да ги заштитиме децата поради опасност од појава на грип и другите горнореспираторни инфекции. Не од корона, реков од КОВИД -19 децата не се разболуваат , а и ако се разболат поминуваат со многу лесн аклиничка слика. Мислам дека треба веднаш, додека е мирна состојбата со грипот и другите респираторни инфекции да се распуштат една недела пред Нова година, да бидат дома цел јануари, или до средината на февруари а потоа со комбинирана и поинтензивна настава да се исполнат наставните планови, вели тој.

Б.М.

Слични содржини