Др.Мехмедовиќ: Бранот поминува, но мора да сме внимателни со мерките

од Берта Китинска

Портпаролот на Комисија за заразни болести др.Злате Мехмедовиќ вели дека мерките се носат во насока за да почнеме да се враќаме во нормалното живеење, но тоа како што вели тој тоа ќе се спроведува претпазливо.

-Она што прво е донесено како мерка е учениците да се ослободат од маските. Сепак, состојбата ќе ја следиме на дневно и неделно ниво. Доколку се покаже дека мерката е добра, ќе може да се размислува за ваква мерка и во средните училишта. Епидемиолошкиот извештај кај нас вели дека има континуирано намалување на ковид бројките. Сето тоа оди во насока дека бранот поминува, но не смееме да сме невнимателни, кажа Мехмедовиќ во Студио 10.

Докторот смета дека ни претстои уште еден одреден период со кој ќе треба да живееме со вирусот, потенцирајќи дека најголемата надеж се полага во тоа дека нема да има нови варијанти бидејќи доколку би се појавиле и би започнало нивното ширење би довело до рестартирање на системот.

Слични содржини