Др.Мехмедовиќ: Омикрон мутацијата се шири неверојатно брзо, вакцинацијата е исклучително важна

од Берта Китинска

По регистрацијата на првиот случај со омикрон во државата прашање е на време кога таа ќе биде силно раширена и доминантна и тоа нема да застане тука.Вирусите додека се живи тие еволуираат и го заобиколуваат човековиот имунитет за да преживеат, вели др. Злате Мехмедовиќ супспецијалист пулмолог за емисијата 25 минути.

-Омикрон мутацијата се шири неверојатно брзо, а последиците допрва ќе се анализираат. Но, она што е исклучително важно е вакцинацијата, која го намалува не само ширењето на коронавирусот, туку и фаталноста од хоспитализација, вели Мехмедовиќ.

Слични содржини