Др.Петличковски: Над 70% треба да биде имунизирано населението за да се спречи ширењето на епидемијата

од Берта Китинска

Директорот на Институтот за Имунобиологија и хумана генетика д-р Александар Петличковски во дебатниот магазин „Click Plus“ вели дека над 70% треба да биде имунизирано населението за да се спречи ширењето на коронавирусот.

„Треба да постигнеме вкупна бројка од 80%, сега бројката никој не може да ја одреди, но пример кај морбилите е неопходно да биде имунизирано 95% од населението затоа што тоа е контагиозна инфекција. За коронавирусот проекциите за колективен имунитет на почетокот беа околу 60-70%, но со оваа зголемена преносливост и полесно пренесување на британскиот сој прагот на популацијата која треба да биде имунизирана за да наштети на ширењето е веќе над 70%, а сега зборуваме за вкупното население околу 80%, можеби и нешто над со цел да го видиме крајот на епидемијата“, порачува Петличковски.

Слични содржини