Др.Петличковски: Населението ако се вакцинира наместо 30 починати на ден, ќе имаме по тројца

од Берта Китинска

Александар Петличковски, раководител на институт за имунобиологија и хумана генетика за Студио 10 , вели дека ако се вакцинира населението наместо 30 починати на ден, ќе имаме по тројца.

„Се работи за исклучително безбедни вакцини, сите имаме блиски што викендов беа во Белград или Ниш, мислам дека во светот постои тенденција за зголемување на довербата за вакцините. Стотици милиони луѓе примија вакцини, несакани ефекти нема, а смртноста е намалена за десетина пати. Ако дневно сега има по триесетина починати, реално кај нас ќе спаднеме на тројца, што е нормално функционирање на здравство. На почеток клиничките студии потврдија дека од 18 до 65 години „АстраЗенека“ е безбедна, не беа сигурни дали истата ефикаснот ќе е надвор од рамката. Тоа не значи дека луѓе над 65 години, за нив вакцината не е безбедна. Јас сум убеден дека вакцината решава многу сериозни проблеми со минимални или никакви контраефекти“, вели Петличковски.

Тој напомена дека нема потреба да се плашат граѓаните од вакцините против ковид 19 и дека сите се ефикасни.

Слични содржини