Др.Петличковски: Не ми е јасно, зошто народот не ги прифаќа вакцините

од Берта Китинска

Во земјава имаме моментало 33 проценти комплетно вакцинирани граѓани,  што е релативно мал број во споредба со околните земји.Онаму каде има 60 проценти веќе ја прогласуваат епидемијата за завршена, вели во Студио 10, др. Александар Петличковски од  Институт за имунологија.

– Околу 90% од починатите кај нас во последните месец два се невакцинирани, овој процент овој процент е околу 99. Поубедлив доказ од ова , не знам што би било. Шансите вакциниран човек да се разболи се мали, а шансите вакциниран човек да почине се минимални. Доцна ги добивме вакцините, можеби не бевме подготвени и со презентација на придобивките од вакцините. Вакцините се одлично решение за излез од кризата, зошто народот не ги прифаќа – не ми е јасно.За релативно кратко време се покажа дека заштитата од вакциата против ковид 19 опаѓа по одреден период кај одредена категорија на лица.Имунитето треа  и по 6 месеци тој не престанува да работи, но се намалува кај одередна група на граѓани, да речеме со кревко здравје. Воедно  имунитето стекнат од болеста треа исто така и по поминати 6 месеци, објасни  Петличковски.

Слични содржини