Др.Спасовска од ИНФЕКТИВНА КЛИНИКА: Голем дел од луѓето не знаат дека имаат коморбитети

од Берта Китинска

Доктор Катерина Спасовска од Клиника за инфектологија во емисијата 24 „Анализа“ рече дека на клиниката се примаат потешките форми и вели дека се работи за мултисистемско заболување кое потоа го напаѓа целиот организам.

– И најмалите ткива особено вталните органи остануваат без кислород и настанува нивно оштетување. Предикција нај кој пациент ситуацијата ќе се влоши особено со овој сој не може да се направи. И со уредни наоди се случува да настапи влошување на состојбата на пациентот и тоа да заврши со смртен исход. Нема параметри по кои ќе заклучиме дали состојбата кај некој ќе се влоши. Голем дел од луѓето не знаат дека имаат коморбитети. – вели доктор Спасовска.

Слични содржини