Др.Трајковски сподели интересна случка: Синко мене Германците и Бугарите не ме плашеа, па коронава не ќе сум можела да ја победам!

од Берта Китинска

Доктор Бојан Трајковски кој е дел од ПЗУ Вера Медика преку својата работа, во рамки на домашната посета, секојднеевно помага на луѓето кои се бораат со ковид 19.

На својот Фејсбук профил сподели статус посветен на 95 годишна пациентка, која поминала многу во животот и многу храбро се соочува и со овој предизвик.

-Денес во домашна посета баба од 95 години, памет “срча” со коментар после прегледот:

Ех бе синко мене Германците и Бугарите во Втора Светска не ме плашеа и ништо не можеа да ми направат, не па коронава не ќе сум можела да ја победам!

Тек имам за живеење јас!!!Ваква позитива ни треба, пишува Трајковски.

Денес во домашна посета баба од 95 години, памет “срча” со коментар после прегледот:
Ех бе синко мене Германците и…

Posted by Bojan Trajkovski on Tuesday, 13 April 2021

Слични содржини