Др.Врабевски: Над 2000 македонски граѓани се пријавиле за вакцинација на границата со Бугарија

од Берта Китинска

Пред еден месец македонските граѓани добија можност да бидат вакцинирани со вакцините „Фајзер“, „Џонсон и Џонсон“ и „Модерна“ на граничните пунктови Станке Лисичково – Делчевои и Златарево – Ново Село .Првиот човек на „Комак Медикал“ , бугарски филантроп д-р Милен Врабевски во разговор за „Локално“ вели дека лицата кои ќе дојдат во нивните вакциналните пунктови имаат можност да си изберат со која вакцина ќе се вакцинираат, нагласувајќи дека и оние кои немаат бугарски пасоши,а имаат желба за вакцинација нема да бидат вратени.

-Граѓаните може да изберат со која вакцина ќе се имунизира. Само минатата недела вакцинирани се вкупно 513 лица на двата мобилни пункта, а се пријавиле над 2.000 македонски граѓани, што е доказ за потребата на овие пунктови за вакцинација на границата, вели Врабевски.

Филантропот појаснува дека  оваа идеја за вакцинација на лицата кои имаат бугрско државјанство наишло на одобрување од бугарската влада.

-За среќа, имаме целосна поддршка и одобрување од бугарската влада за оваа идеја. Државата мора да има програма за вакцинирање на Бугарите во странство, особено во вакви тешки времиња. На состанокот на Советот на министри пред Велигден, беше одлучено Македонија да се вклучи во заштитата од пандемијата, за да им се помогне со вакцините, почнувајќи од границата. Ова го правиме за да не мора да влегуваат во Бугарија и со тоа да заштедат трошоци за ПЦР тестовите. Треба да размислиме за удобноста на луѓето и од оваа гледна точка, објаснува тој.

Се вакцинира со Џонсон и Џонсон, Фајзер и Модерна

Ковид вакцината Модерна е вакцина што се користи за да се спречи развој на болест како резултат на коронавирусна инфекција  (COVID-19) кај лица на возраст од 18 години и повеќе. Таа содржи молекула наречена гласник РНК (mRNA), која носи информации за формирање на SARS-CoV-2 протеин, вирусот што предизвикува COVID-19. Вакцината Модерна не содржи деловид од  вирус и не може да предизвика болест КОВИД-19, објаснува Врабевски.

Тој напоменува дека вакцини има и сите кои ќе изразат желба ќе бида вакцинирани.

-Потребни се околу 30 минути за да се вакцинира едно лице, при што се прави краток физиолошки преглед, се зема анамнезата на кандидатот за вакцинација и се проценува дали нема причина да не се вакцинира. Самата вакцинација трае 1-2 минути и после тоа се препорачува пациентот да остане во центарот 10-15 минути за да следи дали има алергиска реакција. Секој може да се пријави на следниве броеви: +359 (0) 886 800 264 (Viber)+359 (0) 882 516 981 (Viber). Пунктовите се отворени од 10:00 до 18:00 часот , секој ден, освен сабота и недела и државни празници. Вакцини има и сите ќе бидат вакцинирани, вели тој.

Сите лица имунизирани ќе добијат сертификат

Првиот човек на „Комак Медикал“  вели дека сите лица имунизирани со вакцината на Џонсон и Џонсон или со двете дози на Фајзер и Модерна треба да добијат сертификат.

-На 26 -ти ќе биде дадена втората доза на првиот имунизиран граѓанин со пасош различен од бугарскиот  и тогаш ќе бидеме 100% сигурни дека системот ни овозможува да добиеме сертификати за лица без ПИН. Од нашето искуство со вакцината од компанијата Џонсон и Џонсон која е единечна доза и сертификатот се издава веднаш, нема причина да веруваме дека нема да можеме да издаваме сертификати, вели Врабевски.

Б.М.

Слични содржини