Драги: Италија треба да престане да вакцинира помлади од 60 години

од Stefanija Kuzmanovska

Италија треба веднаш да престане да им дава вакцина против коронавирус на лицата под 60 години и наместо тоа да се фокусира на заштита на старите лица, изјави денеска премиерот Марио Драги.

„Како може една млада личност или некој што не е на списокот (приоритет) да го прескокне редот, знаејќи дека ова го става ризикот од смрт некој над 75-годишна возраст или со лошо здравје?“, праша Драги на прес-конференција, пренесе Ројтерс.

За разлика од многу други европски земји, кога Италија започна кампања за вакцинација кон крајот на декември, на нејзините пензионери не им беше дадена автоматска предност, и покрај фактот дека беа најмногу погодени од смртоносната болест.

Слични содржини