ДРАМА НА АЕРОДРОМ ВО ПАРИЗ: Полицијата застрела вооружен маж (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Француската полиција застрела маж на аеродромот Шарл де Гол во Париз.

Според првичните информации, напаѓачот имал нож со кој замавнувал кон патниците.

Медиумите јавуваат дека напаѓачот е убиен.

– Полицијата го неутрализираше лицето кое се закануваше со нож на аеродромот – беше соопштено.

Пукањето се случило околу 08:20 часот по локално време.

Наводно бил застрелан бездомник, кој ги тероризирал безбедносните и граничните полицајци, кои биле повикани да го отстранат од аеродромот.

Слични содржини