Драма на германската репрезентација во авионот по враќањето од Исланд

од Vladimir Zorba

Германската фудбалска репрезентација доживеа непријатност по враќањето од Исланд, каде рутински ја совлада домашната селекција со 4:0 во квалификациите за Светското првенство следната година во Катар.

Доброто расположение кај „Панцiрите“ го расипа проблемот со авионот „Класџет Боинг 737“, поради што авионот мораше принудно да слета во Единбург околу четири часа по полноќ.

Германската фудбалска федерација официјално го објави овој настан.

„Безбедноста на прво место. Безбедно слетување како мерка на претпазливост во Единбург. Од таму се планираат индивидуални враќања“, пишува во пораката на социјалните мрежи.

Проблемите со летот се појавија на надморска височина од 29.000 стапки над шкотскиот град Арброат, поради што авионот се сврте и 20 минути подоцна беше принуден да слета во Единбург.

Се уште не е познато што точно ја предизвика оваа драма, но важно е таа дека заврши без последици.

Не толку одамна, пред две и пол години, се случи трагедија кога се урна авион во кој пилотот и аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала беа на пат од Нант до Кардиф. Во ноември 2016 година се урна авион со бразилски фудбалери на Шапекоенсе, а авионските несреќи на фудбалерите на Манчестер Јунајтед и Торино се познати низ историјата …

За среќа, овој пат трагедијата беше избегната.

Слични содржини