Драма на концерт на Хари Стајлс: Луѓе од публиката се гушеле и онесвестувале (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Пејачот Хари Стајлс мораше да го прекине концертот во Богота, Колумбија. Имено, во првите редови почнаа да се случуваат инциденти, кога некои од публиката почнаа да се гушат и да се онесвестуваат.

Британскиот пејач го виде тоа и веднаш реагираше.

Хари Стајлс го прекина концертот, а другите ги замоли да се оддалечат од луѓето во првите редови, за да се спречи поголема трагедија, бидејќи не ретко тоа се случува на концерти и масовни собири.

„Возбуден сум што сум овде и знам дека ќе биде одличен концерт, но најважно е луѓето да бидат безбедни. Овде е многу жешко и има многу луѓе, ве молам направете неколку чекори наназад, но многу, многу бавно“, изјави Стајлс пред колумбиската публика од сцената.

Инаку, луѓето чекаа шест часа за да влезат на стадионот во Богота.

Еден корисник на Твитер коментираше дека се исплашил за својот живот.

Слични содржини