Драма на натпреварот на Барса: Навивач доживеа срцев удар, голманот на Кадиз носеше дефибрилатор, играчите се молат

од Vladimir Zorba

Драматични сцени на трибините беа забележани на натпреварот од Ла Лига помеѓу Кадиз и Барселона. Се чинеше дека натпреварот ќе заврши мирно, Каталонците водеа со 2:0, но потоа се случи драматичен редослед на настани во 83. минута. На еден навивач на трибините му се слошило, а кога пристигнала лекарската екипа било утврдено дека се работи за срцев удар.

Натпреварот веднаш беше прекинат, сите беа во шок, и навивачите и играчите, а фудбалерите на теренот почнаа да се молат за навивачот на домашниот клуб.

На навивачот му требаше дефибрилатор, истото што му го спаси животот на Кристијан Ериксен на натпревар од Европското првенство минатата година, а голманот на Кадиз беше вистински херој бидејќи трчаше да го земе дефибрилаторот, а потоа го донесе кај медицинските лица.

Натпреварот беше прекинат, играчите заминаа во соблекувалната, а со надеж за најдобро, останува надежта дека натпреварот ќе продолжи.

Слични содржини