ДРАМА НАД БЕЛГРАД: Авион со 80 патници итно слетал поради дефект

од Stefanija Kuzmanovska

Авионот на германската туристичка организација ТУИ, со 80 патници, итно слета на белградскиот аеродром.

Според „Блиц“, авионот што летал од Санторини кон Брисел слетал на аеродромот „Никола Тесла“ поради дефект и истекување на гориво.

Како што може да се види на веб-страницата на Flightradar, проблемот во авионот се појавил додека летал над Тузла, па тој веднаш свртел и се упатил кон најблискиот аеродром, а тоа бил белградскиот.

Авионот со 80 патници направил круг над Шабац, а потоа слетал на аеродромот во Белград.

Слични содржини