ДРАМА ОКОЛУ ИМЕТО НА БЕБЕТО: Хари и Меган не се консултирале со кралицата?

од Stefanija Kuzmanovska

Војводата и војвотката од Сасекс не се консултирале со кралицата при изборот на име за нивната ќерка Лилибет, тврди извор од Бакингемската палата за Би-Би-Си.

Од друга страна, извор близок до Хари и Меган за Би-Би-Си изјави дека принцот разговарал со кралицата пред раѓањето на неговата ќерка – и дека тој го „спомнал“ тоа име, меѓутоа, извор од Палатата тврди дека тоа не било така.

Во неодамнешната изјава, извор близок до Хари нагласува дека парот не би го употребил тоа име ако кралицата не ја искажела својата поддршка.

„Војводата зборуваше со семејството пред да биде објавено името, а неговата баба беше всушност првиот член на семејството која што ја повика. За време на тој разговор, тој сподели желба да ја нарече својата ќерка Лилибет во нејзина чест. Ако таа не дадеше поддршка, немаше да го употребат тоа име“, изјави извор близок до Хари.

Лилибет е прекар на кралицата во семејството уште од нејзиното детство.

Слични содржини