Драма: Северина не го враќа синот на својот татко, следува нова тужба?

од Aleksandar Petrovski

Северина Којиќ, наводно цели девет дена не го враќа синот кај поранешен партнер Милан Поповиќ, кој го има старателството над момчето, пишува Информер.


Според пишувањата на весникот, пејачката на нејзиниот осумгодишен син А.П. според одлуката на судот, може да го види двапати неделно, секој втор викенд – од сабота наутро до недела навечер, како и две недели за време на празниците. Северина, наводно, ја прекршила оваа одлука.

Изворот на весникот вели дека малото момче поминало 14 дена кај својата мајка, но дека таа не го вратила во договорениот термин кај таткото кој го има полното старателство.

Весникот понатаму наведува дека Северина не му одговара на пораките на Поповиќ, поради што тој наводно размислува да ја пријави на надлежните.
-Милан размислува да покрене тужба против неа. Се консултирал со адвокатите и тие му рекле дека има право да ја тужи – заклучува изворот.

Слични содржини