ДРАМА ВО АВИОН во кој бил турски министер

од Stefanija Kuzmanovska

Авионот со кој се превезувал турскиот министер за одбрана и други високи воени претставници бил принуден да слета денес откако удрил во птица, јави турската државна агенција Анадолија.

Авионот на турското воено воздухопловство ги превезуваше министерот за одбрана Хулуси Акар, началникот на ГШ Јашар Ѓулер и командантот на копнените сили Умит Дундар, кои се враќаа во Анкара по посетата на воената база Газиантеп, недалеку од граница со Сирија, објави АП.

Авионот имал контакт со птицата непосредно по полетувањето, што го принудило да изврши принудно слетување на аеродромот во блиската воена база недалеку од градот Адана.

Авионот претрпел мала штета, а никој не бил повреден при принудното слетување.

Слични содржини