Драма во Белград: Гори сплав на Сава, пожарот се шири и на соседните објекти (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Во Белград се запалил сплавот-хотел „Цунами“ јавуваат тамошните медиуми.

Пожарот избил на сплавот „Цунами“ и го зафатил и соседниот сплав. Според првичните информации нема повредени.

-Глетката е страшна од тераса гледаме како пожарот се шири, пламенот е се поголем, пред малку имаше и експлозија, вели еден сведок за Курир.рс.

Пожарникарите веднаш излегле на лице место, а во гасењето учествуваат триесетина пожарникари со девет пожарни.

Сплавот „Цунами“ кој е со површина од 500 квадрати во целост изгоре.

Слични содржини