Драма во домот на Деле Али: Крадци му се заканувале со нож и му нанеле повреди

од Vladimir Zorba

Куќата на играчот на англиската репрезентација и играчот на Тотенхем, Деле Али, била мета на вооружени разбојници.

Според „Дејли мејл“, двајца мажи влегле во куќата на Али во Лондон неколку минути по полноќ.

Тие му се заканиле на играчот на репрезентацијата на Англија со нож, а потоа го удриле по глава, поради што се здобил со полесни повреди.

Во куќата бил со својата девојка и брат, а останал без скапи часовници и накит.

Полицијата започнала истрага, а снимките од безбедносните камери ќе помогнат.

Слични содржини