Драма во домот на Ријана: Обожавател упаднал на нејзиниот имот, открил што сакал да направи

од Stefanija Kuzmanovska

Во домот на пејачката Ријана се одвивала вистинска драма поради која морала да интервенира и полицијата, пишува „Page Six“.

Според извештаите, портпаролот на полицискиот оддел во Лос Анџелес објавил дека морале да уапсат маж кој упаднал во имотот на пејачката во Беверли Хилс во четвртокот во 12:30 часот.

Тој, наводно, допатувал од Јужна Каролина за да ја запроси Ријана и упаднал на нејзиниот имот во црвена тренерка со капуљача. Меѓутоа, обезбедувањето брзо реагирало, а набрзо дошла и полицијата.

Младиот човек бил приведен на распит во полициска станица, но по сослушувањето бил пуштен, бидејќи не отишол подалеку од приодот до куќата на пејачката.

Споменатиот медиум пренесува дека не било познато дали Ријана во моментот била дома и дали била сведок на драмата која се одвивала.

Слични содржини