Драма во Шведска: Напаѓач избоде луѓе во трговски центар

од Stefanija Kuzmanovska

Најмалку две лица се повредени во напад во трговски центар во Шведска, во градот Вестерос. Според локалните медиуми, најмалку две лица се повредени и итно пренесени во болница.

Едно лице се здобило со тешки телесни повреди.

Според првите информации, напаѓачот имал остар предмет со кој ги избодел жртвите.

– Постои страв дека има повеќе повредени – соопшти полицијата.

Полицијата соопшти дека едно лице е уапсено на лице место.

Слични содржини