Драма во Скопје: Момче физички нападнал девојка, бидејќи не сакала да бидат во врска

од Берта Китинска

„На 24.09.2021 полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Ѓ.(22) од Скопје, постапувајќи по пријава на 25-годишна жителка на Скопје, според која Н.Ѓ., со кого од претходно се познавале, во периодот од 12.00 до 15.00 часот ја однел со своето возило и физички ја нападнал, не дозволувајќи ѝ да си замине доколку не бидат во врска“, соопштија од МВР.

Со него е извршен службен разговор, известен е Јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува поднесок.

Слични содржини