40-годишен маж се обидел да се запали на плоштадот Скендербег во Тирана за време на молитва по повод Курбан Бајрам, соопшти албанската полиција.

Во соопштението се наведува дека човекот чии иницијали се Б.Г. излегол на плоштад и си полил со бензин.

Верниците кои се молеа на плоштадот го спречија да се самозапали, по што полицијата беше приведен. Полицијата започна истрага за причините за таквата акција на крајот од молитвата.

Исламската заедница објави дека лицето не е верник и дека постои можност да е ментално болен, пренесе АП.

Слични содржини