ДРАМА ВО ВИЕНА: Го полеал со бензин влезот на градското собрание и извикувал Алаху Акбар (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

На влезот во градското собрание на Виена, еден маж истурил бензин и викал „Алаху Акбар“ пред да биде совладан од стражарите.

Портпаролот на полицијата, Маркус Дитрих, изјави дека осомничениот дошол со велосипед и дека осомничениот истурил канистер со бензин на влезот во Градското собрание, а потоа, според очевидци, клекнал и очигледно се молел.

Чуварите на Градското собрание успеале да го совладаат пред да го запали истуреното гориво и го предале на полицијата, која го уапсила. Деталите за овој случај во центарот на Виена не се познати.

Слични содржини