ДРАМАТИЧНА ОБЈАВА НА ТРАМП, се очекува вонредна прес конференција 

од Stefanija Kuzmanovska

Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер објави дека ќе одржи прес-конференција, за која напиша дека е многу важна.

„Многу важна прес-конференција ќе одржат денес напладне адвокатите на многу јасниот пат кон победата. Сè доаѓа на свое место“, објави Трамп.

Претходно, Трамп на Твитер напиша дека „изборните измами во Детроит траат со години“.

Тој претходно тврдеше дека службениците на изборниот процес во Детроит во сојузната држава Мичиген биле заплашени за да ги одобрат резултатите, за кои сметаат дека се лажни.

Слични содржини