Драматична потрага по голманот: „Ја извлековме сопругата од урнатините, него го нема…“

од Radmila Tasevska

Лоши вести стигнуваат и од Малатија, Турција, каде што се трага по Ахмет Ејуп Туркаслан, голманот на турскиот второлигаш Јени Малатијаспор.

Од силината на денешниот земјотрес се урна зградата во која живеел со сопругата, а кога пристигнале спасувачите ја извлекле неговата сопруга, но не го нашле.

Сопругата се спаси, него не го гледаме“, е пораката што спасувачите ја испратија до јавноста.

Од клубот ја демантираат информацијата за смртта

Неговата сопруга давала инструкции каде би можел да биде, но последните информации велат дека потрагата сè уште е во тек. Се појавија информации дека е пронајдено неговото безживотно тело, но управата на неговиот клуб тоа го демантира, наведувајќи дека потрагата сè уште трае и дека нивната молитва е со Ахмет.

Туркаслан му се приклучи на овој клуб во летото 2021 година, откако бранеше за неколку различни клубови во турската втора лига и подолу.

Додека чекаме повеќе вести, се надеваме дека потрагата по тој спортист ќе има среќен крај.

Слични содржини