ДРАМАТИЧНА СЦЕНА ВО УШЧЕ: Дедо ја изгуби својата жена, ГОЛЕМ ХАОС ПОРАДИ ВАУЧЕРИТЕ (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Од утрово во 9 часот наутро, секој што бил во трговскиот центар „Ушче“ во Белград,  можел да се вакцинира против коронавирус, без претходна регистрација.

Српските медиуми јавуваат дека првите 100 што дошле да се вакцинираат, ќе добијат ваучери од 3.000 динари. Првите 50 кои ќе дојдат во петок наутро ќе добијат ваучери од 5.000 динари, а првите 50 кои ќе дојдат во сабота ќе добијат ваучери од 3.000 динари.

Луѓето на почетокот делувале трпеливо, но потоа настанала гужва, туркање и расправија.

Вниманието на јавноста го „украла“ една средовечна брачна двојка, која кратко се разделила додека се искачувала на ескалаторите во општата гужва.

Во еден момент, постариот човек тргнал во спротивна насока со ескалаторот, по што им го блокирал патот на другите луѓе.

Државниот секретар во Министерството за здравство, Мирсад Ѓерлек изјави дека државата до секој поединец сака да ја приближи вакцината на лесно достапни места за вакцинација. Тој кажа дека пунктот во трговскиот центар  денеска е отворен од 9 до 20 часот, а утре од 12 до 20 часот.

„Сите вакцини се достапни на тој пункт. Србија се приближува до процентот од 50 отсто од граѓаните кои ја примиле втората доза. Ајде сите да покажеме одговорност заедно, со користењето на милионските дози вакцини што ги имаме и максимално да одговориме на масовната вакцинација и до летото да се вратиме во нормалниот живот“, изјави Ѓерлек.

Слични содржини