Драматично спасување во Италија: Мајка со бебе заглавена во поплавена улица (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Ситуацијата во поплавените делови на Италија се уште е драматична, особено во регионот Емилија Ромања, каде што голем бран поплави ја погоди Цезена, откако реката Савио се излеа и ги поплави улиците.

Многу луѓе се качија на покривите и повисоките делови од куќите, но некои останаа заглавени во нивните влезови. Меѓу нив, како што пренесува „Телеграф“, е и мајка со мало девојче, која повикала помош бидејќи не можела да излезе од влезот бидејќи водата во тој дел од улицата била висока над еден метар.

Некои луѓе скокнале во водата и успеале да ги спасат, како што може да се види на видеото од социјалните мрежи. Водата им била до половината, а некои и повисоко. Кога соседите здогледале беспомошна жена со дете како вика за помош, се втурнале низ водата, а некои дури и ја препливале улицата.

Тие стигнале до жената, а еден маж го зел бебето од прегратките на жената и го ставил на рамениците. Неговата мајка го следеше. Во тој момент водата им беше речиси до рамениците. Бебето било донесено на безбедно, а луѓето и помогнале на исплашената жена да се пробие низ водата.

Според последните извештаи, најмалку три лица загинаа, а илјадници се евакуирани од своите домови по разорните поплави што го погодија северниот дел на италијанскиот регион Емилија Ромања, соопштија денеска властите, предупредувајќи дека ситуацијата може да се влоши.

Слични содржини