Драстичен пад на биткоинот: Денес вреди дури 16.000 долари помалку од пред 10 дена!

од Nikola Popovski

Токму кога помисливме дека криптовалутите се движат исклучиво нагоре и немаа намера да „забават“, падот на биткоинот и другите дигитални валути не потсети зошто ги сметаме за ризични средства.

Имено, најпопуларната крипто-паричка моментално вреди околу 48.324 долари, а на 14 април се движеше кон рекорд од 65.000 долари, поточно вредеше 64.600 долари.

И другите валути од тој вид нагло паднаа утрово, бришејќи над 260 милијарди долари во вредност на криптовалутите.

На денешното тргување околу 14:06 часот по време на Пекинг, цената на биткоинот беше 49.281,40 долари, што е пад од скоро 10 проценти во последните 24 часа, пренесува CNBC.

Етереум падна на 2.166,82 долари, или повеќе од 12,3 проценти. XRP, петтата најголема крипто валута во светот, падна за повеќе од 22 проценти, покажуваат податоците на сајтот „CoinMarketCap“.

Причината за ваквата масовна продажба е сè уште непозната, но познато е дека криптовалутите се предмет на екстремни промени во цената.

Слични содржини