Дрес на Џордан од 1998 година продаден за 5 милиони долари

од Vladimir Zorba

Дресот на најдобриот кошаркар во историјата на кошарката, Мајкл Џордан, кој го носеше за време на последната плејоф серија од неговата НБА кариера, е продаден на аукција за неверојатна сума од пет милиони долари.

Како што пренесуваат светските медиуми, станува збор за познатиот црвен дрес на Чикаго со бројот „23“ од првиот натпревар од финалната серија против Јута во 1998 година.

Џордан тогаш го предводеше Чикаго до победата во финалето и неговата шеста шампионска титула.

Ова е втор најскап продаден дрес досега, по дресот на познатиот аргентински фудбалер Диего Армандо Марадона од 1986 година, кој е продаден за 9,3 милиони долари.

Слични содржини