Перуанското Министерство за култура му дозволи на јапонскиот турист Џеси Катајама да ги посети остатоците од древната тврдина на Инките на врвот на планината Мачу Пикчу по скоро седум месеци чекање.
Кога пристигна во Перу пред седум месеци да ја посети античката населба Инка, Јапонецот Џеси Катајама беше информиран дека ќе мора да ја одложи својата посета бидејќи локацијата беше затворена за туристи поради пандемијата на вирусот корона.
Сега, според перуанскиот министер за култура, Катајама добил дозвола откако тој поднел специјално барање и е единствениот турист кој може да ги посети археолошките остатоци од градот Инка на врвот на планината Мачу Пикчу.
Катајама пристигна во Перу со план да помине неколку дена таму, но беше задржан во средината на март во градот Агуаса Клиентес, недалеку од планината Мачу Пикчу, поради ограничувања на патувањето.
Во најновата видео порака од врвот на светски познатата планина, јапонскиот турист ја прослави долгоочекуваната посета на поранешната населба Инка и им се заблагодари на своите домаќини.
Ограничените туристички поаѓања кон Мачу Пикчу ќе бидат повторно дозволени од следниот месец.