МВР Билтен

СВР Скопје поднесе кривичнa пријавa против Д.А.(52) од селото Студеничани поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

На 13 овој месец, полициски службеници извршиле претрес во неговиот дом при што пронашле и одзеле марихуана и предмети со остатоци од марихуана.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против М.Х.(27) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 23 јули лани во селото Чегране, полициски службеници извршиле претрес во домот на М.И.(18), при што пронашле и одзеле марихуана која претходно ја набавил од пријавениот. По ова, на 24 јули во Гостивар, при претрес во домот на пријавениот, била пронајдена и одземена марихуана.

Вчера во 15:30 часот во полициската станица Прилеп, И.С.(79) од селото Алинци пријавила дека во дворното место пронашла неексплодирана граната.

Полициски службеници излегле на местото, а пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување констатирал дека се работи за минофрлачка граната од 75мм, која потекнува од Првата светска војна. Гранатата била подигната за понатамошна постапка.

Во хотел во Струмица вчера во 16:10 часот врз основа на барање од Интерпол, од слобода бил лишен бугарскиот државјанин Т.Н.И.(63).

Лицето било задржано во полициска станица за понатамошна постапка.

Вчера околу 01:30 часот на регионалниот пат Кавадарци – Мушов гроб се случила сообраќајна незгода меѓу патничко возило „КИА“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Б.Н.(27) од Кавадарци и мотоцикл „Сузуки 750“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од С.Б.(24) од Кавадарци.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, кој по прегледот во болницата во Кавадарци бил препратен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, додека сопатникот на мотоциклот Д.А.(20) од Кавадарци се здобил со телесни повреди. Увид на местото извршила екипа од полициската станица Кавадарци.

Двајца пешаци се повредени во Скопје откако во нив удрило возило марка „фиат пунто“ управувано од 19-годишно лице.

Пешаците А.Ш. (44) и Х.Ш. (18) со возило на Итната медицинска помош се пренесени во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде им е укажана лекарска помош. Потешко повреден е А.Ш, а со телесни повреди се здобила Х.Ш.

Несреќата се случила синоќа во 22:55 часот на крстосницата од улиците „Војдан Чернодрински“, „Славеј Планина“ и „Кримска“. Возилото било управувано од И.Б.(19) од Скопје.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Вчера во 23:30 часот во полициската станица Ѓорче Петров, Б.Б.(31) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 19:30 часот на кејот на реката Вардар во Ѓорче Петров неговиот малолетен син, додека се движел со неговата мајка, бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница.

Вчера во 14:15 часот во полициската станица Гази Баба, М.П.(79) од Скопје пријавил дека во петокот  во 21 часот на ул. „Јани Лукровски“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога.

Вчера во 22:55 часот на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје, мотоцикл, управуван од непознат возач, удрил во пешакот Л.С.(83) од Скопје, по што го напуштил местото.

Од ударот Л.С. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена на лекување во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Слични содржини