Актуелно
Почетна / Спорт / Дрогба и Ето кон Европа: Африка не е ваша лабораторија

Дрогба и Ето кон Европа: Африка не е ваша лабораторија

Изјавите на двајца доктори во програмата „ЛЦИ“ на француската национална телевизија, во која тие предложија тестирање на вакцината „БЦГ“ во Африка, за да се тестира способноста и лекувањето на коронавирусот, беа пресретнати со жесток одговор на неколку светски познати фудбалери со африканско потекло, вклучувајќи ги и Дидие Дрогба и Самуел Ето.

Тие започнаа дебата на социјалните мрежи во која го споделија видеото на двајцата лекари Жан Пол Мира и Камил Лохт. Под него, играчите упатија навреди кој медицинските лица, како и сите Европејци.

„Ку ***ни синови, Африка не е ваше игралиште“, напиша Самуел Ето.

Поранешниот фудбалер на Челси, Демба Ба, исто така, се придружи на разговорот: „Добредојдовте во западниот свет, каде што белците се сметаат за такви супериорни суштества, што расизмот станува банален“.

Дрогба, исто така, не молчеше: „Африка не е лабораторија, луѓе таму не се свињи за тестирање. Овие зборови на лекарите се одвратни. Не смееме да го трпиме ова“.

loading...