Дрогба за Меси: Близу е до Марадона и Пеле, но не е од нивната класа

од Vladimir Zorba

Легендата на Челзи, Дидие Дрогба исто зеде став за вечното прашање кој е најдобриот фудбалер на сите времиња.

Африканецот е на мислење дека ѕвездата на Барселона, Лионел Меси не е на нивото на светските шампиони Диего Марадона и Пеле, но сепак е блиску до нив како вештини.

„Меси може да се откаже уште сега и веќе ќе има постигнато многу во фудбалот. Ќе биде уште полегендарен, ако го освои светското првенство. Тој е извонреден играч. Тој се уште не е на нивото на Марадона и Пеле, но и не е далеку од нив“, изјави Дрогба за АФП.

Слични содржини