Дрон снимил како Грција ги враќа мигрантите во турските води

од Vladimir Zorba

Беспилотно летало на турските поморски сили снимило како грчката страна во Егејското Море ги враќа непријавените мигранти во турските води.

Во врска со овој случај соопштение се огласи Министерството за одбрана на Турција.

„Беспилотното летало на поморските сили снимило како крајбрежната стража на Грција, на 9 август 2022 година, источно од островот Самос, во Егејското Море, враќала непријавени мигранти со гумен чамец во турските води“, се наведува во соопштението.

Беше кажано дека за случајот веднаш била информирана турската крајбрежна стража и дека мигрантите биле спасени.

Објавена е и снимка снимена од беспилотно летало.

Слични содржини