Дронови извршија напад на воен објект во Иран, нема жртви

од Vladimir Zorba

Властите на Иран денеска соопштија дека е извршен напад со беспилотни летала врз воен објект, кој се наоѓа на околу 400 километри од Техеран.

„Експлозијата се случи во еден од воените центри поврзани со Министерството за одбрана“, изјави заменик-шефот за безбедност на провинцијата Исфахан, Мохамад Реза Јан-Несари, пренесе државната новинска агенција ИРНА.

Тој изјави дека експлозијата оставила одредена штета, „но нема жртви“.

Слични содржини