Дру Баримор прави „плочки“ со електромагнети за 5.000 долари

од Vladimir Zorba

Актерката Дру Баримор откри пред „Дејли Мејл“, дека тајната за нејзиниот рамен стомак не се крие во редовните и напорните тренинзи, туку во процедура, која користи електромагнети за затегнување на мускулите и согорување на мастите во стомачната област.

Оваа постапка чини 5.000 долари.

„Сакам да се чувствувам сигурна и добро во својата кожа“, признава Дру и додава дека по раѓањето на нејзините две деца, секогаш добивала повреди при обидите да го „стегне“ стомакот.

Причината за овие повреди е болест – дијастаза ректи – од која актерката страда. Поради неа, абдоминалните мускули се разделуваат за време на бременоста за околу 2-3 сантиметри еден од друг. Општо земено, помеѓу 6 недели и 3 месеци по породувањето, мускулите се враќаат на местото, но во некои случаи се наметнува хируршки зафат, наречен абдоминопластика.

Очигледно кај Дру Баримор мускулите не се опоравиле и таа се потпира на други начини да се ослободи од тежината во оваа област.
Електромагнетните импулси ги стимулираат мускулните деформации и согоруваат маснотии.

Слични содржини