Државата ја повика Кајли за помош околу спречување на ширењето на коронавирусот

Во пандемијата од коронавирусот луѓето стравуваат за своето здравје, а докторите се оние кои моментално ги имаат најголемите обврски. Ги повикуваат луѓето да се чуваат себе и своите блиски, иако може да им биде тешко во самоизолација. Токму поради тоа многумина сакаат да ги слушаат советите, бидејќи самоизолацијата тешко им паѓа. Тоа го забележат и шефот на јавното здравје на САД, Џероми Адамс.

Во емисијата „Good Morning America“ тој ги повикал сите инфлуенсери, а особено
Кајли Џенер, со своите објави на социјалните мрежи да им помогнат, да влијаат врз младите луѓе за сериозноста на ситуацијата.

– Особено е тешко со деца од 14, 15 години. Што и да им кажеме, не се придржуваат до тоа – рекол Џероми.

Тој додал дека младите генерации го игнорираат карантинот, а се свесни дека и ним им прети опасноста од зараза со коронавирусот, која можат да ја пренесат на оние најранливите.

– Новите податоци од Италија упатуваат на тоа дека младите луѓе можеби се изложени на поголем ризик одошто се мислеше. Но, дали размислувате на своите баба, дедо, размислете на фактот дека ширите болест која може да ги уие – заклучил Адамс.

Слични содржини