Државен карантин и кривична пријава за едно лице кое учествуваше во ицндентот пред „8 Септември“

од Берта Китинска

Шест лица вчеравечер се приведени во полициската станица Гази Баба по инцидентот и заканите кон докторка во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.

“Лицето Б.С. (29) кое било едно од приведените е позитивен на коронавирусот и имал решение за самоизолација. Тој ќе биде спроведен во државен карантин и против него ќе бидат поднесена кривична пријава за загрозување на здравјето на граѓаните“, соопшти МВР.

Вчерашниот инцидент настанал кога роднини на почината пациентка со ковид-19 сакале сами да го земат телото и да го однесат на обдукција. Од болницата им објасниле дека протоколите предвидуваат доколку семејството бара обдукција, за да се спречи зараза, телото до патологија да го пренесе погребно претпријатие. Тогаш настанале негодувања, по што обезбедувањето повикало полиција.

По инцидентот минситерот Венко Филипче, кој побара надлежните да го истражат случајот и да постапат соодветно.

„Ова е чин на крајно непочитување на сите здравствени работници кои повеќе од 4 месеци деноноќно се борат за секој човечки живот“, изајви Филипче.

Слични содржини