Актуелно
Почетна / Македонија / Државен студентски дом: Истражувањето на МОФ се однесува на податоци од 2015 година

Државен студентски дом: Истражувањето на МОФ се однесува на податоци од 2015 година

Државниот студентски дом Скопје ја известува јавноста дека истражувањето од МОФ околу исхраната и трошењата на институцијата се однесува на период од 2015 година кога со институцијата раководеше предходната власт. Ги повикуваме медиумите во текстовите да се повикаат на годините на кои се однесува ова истражување и кои претставниците од МОФ ги истакнале, односно од 2015-2018 година.

За потсетување сегашното раководство со институцијата управува од месец март 2018 година.

Што се однесува на предходните години, последиците од недомаќинското работење во изминативе 10 години ги трпи и Државниот студентски центар заедно со студентските домови. Токму од тоа работење институцијата се соочи со долг во висина над 300 милиони денари кои сегашното раководство за нецели 2 години го намали за повеќе од половина.

Недомаќинското работење на предходна власт ги запусти домовите до степен на потсмев кај домашната јавност. Раководството кое сега управува со студентските домови се соочи со речиси секојдневни дефекти во инсталационата мрежа поради која студентските домови во зимскиот период многу често имаа недостаток на топла вода и греење.

Денеска по само 2 години студентите ги немаат овие проблеми. Раководството и оваа Влада реализираше и отпочна инвестиции кои во голем дел ги решија дефектите.

За ова кратко време наспроти деценијата на предходната власт, ги исплати долговите кои се однесуваа на режиските трошоци поради кои студентските домови беа комплетно нефункционални. Го намали долгот на институцијата и реализира инвестиции во сите студентски домови.

Студентите во В и Г Блоковите во студентскиот дом „Гоце Делчев“ добија комлетно внатрешно уредување, а во тек е уредување на дворот. Се уреди и дворот на студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“, а се ставија во функција и неколку запуштени простории. Во моментов таму се изведува видео надзор во насока на безбедност на студентите. Исто така потпишан е и договор со германската КфW банка преку која се обезбедени средства за целосна реконструирање студентскиот дом во делот на енергетската ефикасност. За студентскиот дом „Стив Наумов“ се работи техничка документација за зградите 1 и 2. Студентите во овој дом ќе добијат комплетно реновирање со што домот ќе има целосно нова слика.

Во меѓувреме по цели 16 години се промени и менито во исхраната. Дополнително во појадокот се воведе здрав оброк-смути.

Паралелно со инвестициите Државниот студентски дом остварува соработка со општествено одговорни компании преку кои студентите добиваат можност за посета на обуки и академии надвор од студиите. Преку Меморандумите за соработка се обезбедуваат и донации кои служат за подобрување на студентскиот стандард.

Државниот студентски дом за овој период реализираше активности кои предходната власт не ги направи за десет години. Ова истражување е показател колку биле запуштени и оставени сами на себе студентите во предходните години. Денеска состојбите не се исти, а доказ за тоа се наброените проекти кои се дел од активностите кое раководството со помош на Владата планира да ги реализира.

Државниот студентски центар посветено работи на обезбедување подобар стандард за сите студенти во сите студентски домови кои се под надлежност на институцијата.

loading...