Државниот врв и странски дипломати денес на Криволак

од Берта Китинска

Денеска на полигонот „Криволак” ќе се одржат активности на Денот за високи гости на вежбата „Одлучен удар 21“.

На денот за високи гости ќе присуствуваат претседателот на Македонија и врховен командант на Армијата, Стево Пендаровски, претседателот на Собранието, Tалат Џафери, претседателот на Владата, Зоран Заев, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, министрите  Оливер Спасовски, Венко Филипче и Фатмир Бесими.

Покрај нив гости ќе бидат и министерката за одбрана на Црна Гора, Оливера Ињац, амбасадорите на САД, Кејт Мери Брнз, како и на Грција  и на Албанија.

Слични содржини