ДС ќе присуствува на отворањето на „Никола Вапцаров“: Очекуваме топол прием од граѓаните на Благоеврад

од Vladimir Zorba

На 30 октомври делегација на Демократскиот сојуз ќе присуствува на отворањето на Македонскиот културен клуб во Благоевград, Бугарија, соопштија од партијата на Павле Трајанов.

„Демократскиот сојуз смета дека отворањето на овој прв македонски културен клуб во Бугарија, ќе биде добра основа за негување на културните особености на Македонците, како и подобрување на односите меѓу Македонија и Бугарија.

Универзално демократско право претставува здружувањето, формирањето граѓански здруженија, културни центри, политички партии и други форми на меѓусебно поврзување, афирмирање на културните различности и меѓусебно почитување и разбирање.

Демократскиот сојуз очекува топол прием од граѓаните на Благоеврад“, додаваат оттаму.

Слични содржини