ДС: Одложувањето ќе даде дополнителни гаранции за успешен попис

од Nikola Popovski

Демократскиот сојуз го поздравува постигнатиот договор помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за одлагање на пописот од здравствени причини, за одблокирање на парламентот, како и за постигнување договор за изборното законодавство.

„Договорот за одлагање на пописот до септември ќе обезбеди голем дел од населението да се вакцинира, а особено попишувачите – за што исто така се залагавме и ќе даде дополнителни гаранции за успешен попис“, велат од партијата преку соопштение, додавајќи дека Демократскиот сојуз и во иднина ќе продолжи своите ставови и предлози да им ги соопштува на граѓаните, без оглед дали се согласуваат со оние на власта или на опозицијата, зашто тие се резултат на длабоки анализи и консултации и во интерес на граѓаните.

Зоран Заев и Христијан Мицкоски имаа успешна средба, на која средба се согласиле дека пописот треба да се одложи и наместо од 1-ви април се предлага тој да се спроведе од 5-ти до 30-ти септември, а локалните избори наместо во првата половина од октомври да се одржат во втрата половина на истиот месец. Двајцата лидери се согласиле дека тоа е потребно заради имунизација на граѓаните и на попишувачите, а со цел да добијат можност за втора доза од вакцината

Слични содржини