ДС: Парламентот да усвои Резолуција за стратешките државни и национални интереси за преговорите со ЕУ

од Берта Китинска

Демократскиот сојуз смета дека Собранието треба да расправа и да усвои Резолуција за стратешките државни и национални интереси поврзани со евроинтеграциските процеси, се со цел да се упати јасна порака и до Европската унија, но и до соседните држави дека никој нема право да го оспорува нашиот македонски национален идентитет, неговиот историски континуитет, како и јазикот, кој е едно од клучните обележја на секој народ.

-Демократскиот сојуз инсистира на консензус при носење на Резолуција или Декларација на Собранието. За овие прашања потребен е и граѓански и политички консензус, а не тие да бидат причина за внатрешни поделби и собирање на дневно-политички поени.Очекуваме расправа во Парламентот и подобрување на текстот на предложената Резолуција, за таа да биде основа за сплотување, помирување и надминување на внатрешните поделби и конфликти, велат од ДС.

Слични содржини